Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи вчера (15.01.2021) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Кочани, при што санкционирани се 129 возачи, од кои 53 возеле со брзина поголема од дозволената, возење без возачка дозвола 8, возење под дејство на алкохол шест, нерегистрирани возила 17, а санкционирани се и 10 неисправни возила што вршат јавен превоз од вкупно 19 колку што се упатени на вонреден технички преглед, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски на прес конференција во Кочани.

„Засилените контроли продолжуваат и денеска и во наредните денови и евидентно е дека имаме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во периодот кога овие контроли се спроведуваат. Во ноември 2020 споредено со ноември 2019 имавме намалување од 21 отсто, а кога ќе ги споредиме декември 2020 со декември 2019 имаме намалување од 23 отсто на бројот на сообраќајни незгоди. Како резултат на преземените активности, 2020 година е со најниска бројка на жртви во сообраќајот во историјата на државата“, рече Ангеловски.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече Ангеловски.


Администратор
16/01/2021 18:09