Државата е подготвена за спроведување на пописот според највисоките светски и стандардите на Еуростат. Сè што се прави за пописот е според стандардите на Еуростат и е вградено во Законот за попис, вели министерот за правда Бојан Маричиќ.

– Најдобар доказ дека пописот ќе биде валидна статистичка операција е тоа што ќе биде спроведен според највисоките меѓународни стандарди и стандардите на Обединетите Нации. Тој ќе биде направен од стручните лице од Државниот завод за статистика, без вмешување на политика. Целта е пописот да се направи со денешните современи технолошки можности и сите добиени информации да бидат проверливи, истакна вечерва министерот Маричиќ во интервју за Канал 5 Телевизија.

Говорејќи за тоа кој се ќе се попишува, министерот кажа дека ќе има три категории, а добиените резултатите ќе се проверуваат.

– Ќе се попишуваат три категории на граѓани. Првата, вкупното население, каде спаѓаат резидентно и нерезидентно население, потоа резидентно население и неразидентно население. Мислам дека е сосема валидно, држава која со години иселувањето на населението го декларира како проблем, да знае точна бројка на иселени лица. Да дознаеме каде се отселени, да видиме кој е трендот и причините на иселување, а со тоа и што да се преземе за овој проблем, потенцираше Маричиќ.

Министерот за правда кажа дека сите добиени податоци од попишувањето ќе бидат анализирани и проверувани. Поради вкрстената проверка на информациите секои лажно давање информации ќе биде строго санкционирано.

Воедно, како што стои во предлог Законот, пописот ќе биде релевантен доколку на резулатите од истиот се согласи и заменик директорот на Државен завод за статистика од редовите на ДУИ, експерт во повеќе области и нивен вечен функционер Иљми Селами.


Администратор
15/01/2021 23:36