Две лица се повредени и пренесени во ЈЗУ-Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ откако во деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир при што било употребено и огнено оружје.

Како што потврдија од МВР за МИА, денеска во 13:04 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред деловен објект во село Љубош бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу К.Н. и К.Х., од една страна и Н.Р. и М.Р., од друга, при што било употребено и огнено оружје. Притоа со повреди се здобиле К.Н. и М.Р., кои биле пренесени во болницата „Св.Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош.

– Четирите лица се обезбедени, како и нивните возила и оружјето, а по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, посочија од МВР.

Како што објавија дел од медиумите пред поранешната Градска болница се случило и пукање, а повеќе возила на интервентна полиција се упатија пред болницата. Според медиумите на местото на настанот има автомобил со скршено задно стакло, а до возилото и пиштол.


Администратор
14/01/2021 23:06