Лидерот на Републиканците во американскиот Претставнички дом Кевин Мекарти, на денешната расправа за импичмент на претседателот, оцени дека Доналд Трамп е одговорен за нападот врз Капитол, но и дека неговото отповикување би било грешка.

– Претседателот е одговорен за нападот на толпата врз Капитол. Тој напад беше недемократски, не-американски и криминален, рече Мекарти.

Сепак, тој вели дека неговото отповикување само ќе предизвика понатамошни поделби во САД и ги повика пратениците да се фокусираат на обединување на Американците.


Администратор
13/01/2021 22:38