Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски реагираше преку својот фесјбук профил за настаните и случувањата во Вевчани.

- Кога Владата за своите во Штип е "мајка", а за народот во Вевчани "маќеа".

Кога Владата цензурира критика и традиција долга илјадници години, а не спречува роденден на пример во самата Влада.

Кога самата власт организира избори во Штип и Пласница, а на народот му забранува да организира карневал зошто тој е критика за Владата.

Кога полицијата наместо криминалци, се тера да го брка својот народ...

Народе, добро запамети го овој ден и овие двојни аршини. Прво пораз, а потоа одговорност за сите од власта, вели Мицкоски.


Администратор
13/01/2021 20:36