Здравствените власти се разбудија по сторијата на Алфа за 11-годишниот Борче Ангелески, момчето со вродена срцева мана и родители - телесни инвалиди. Министерот Венко Филипче експресно договори средба со семејството и вети бесплатно здравствено лекување. Кај семејството Ангелески се роди надеж, но факт е и дека до сега беа заборавени од државата. Зарем мора медиумите да алармираат, за надлежните да сработат надевајќи се на публицитет? Особено ако се знае дека пред 3 години, Ангелески побарале и социјална помош но биле одбиени со изговор дека имаат автомобил и стан кој го добиле од родителите, откако претходно се влечеле под кирија барајќи покрив над глава.

-Човечно е да се помага, секој според своите моѓности посебно на ова семејство кое поминува низ тешки животни искушенија, вели Летка Филипова од Охрид.

Борче доби и комјутер,сега наставата ќе ме да ја следи онлајн. Но сето тоа е хуманата димензија на граѓаните, ама каде се иституците?

-Задоволен сум што најчесто кога ќе излезе нешто вакво на медиумите луѓето се организираат сакаат да помогнат, но она кое што јас сметам е дека државата треба малку посистемски да ги решава а не да чека некој случај да излезе на телевизија па потоа да се крене поголема фама и да се јават надлжните и да помогнат во ваквите случаи, вели Димче Каневче.

Таткото Перо е пресреќен од одзивот за помош. -Јас да ви кажам очекував но во ваков број не, пошто имаше многу јавување, сограѓани кои дојдоа дома да прашаат дали треба нешто да се помогне. Верувам дека во иднина ќе има среќни денови за нашево семејство, дополнува Перо.

Синоокото момче, го чекаат низа испитувања и прегледи, но тој се радува. На сите добронамерни луѓе кои гои чувстува како дел од своето семејство Борче им порача:

– Фала ви премногу за донациите што сте ги пратиле, ви благодарам. Мојата најголема желба е да си играм со врсниците!


Администратор
13/01/2021 20:35