Драги Ѓоргиев, копретседателот на македонско-бугарската комисија, по дводневната средба рече дека средбата помина во академска атмосфера со плодна и многуслојна дискусија која, наведе, за жал, не донесе никакви резулати.

– Во тој поглед можам да се сложам со Димитров дека и нема резултати од средбата, но понекогаш кога нема резултати и тоа покажува нешто, рече Ѓоргиев.

Потврди дека добар дел од средбата бил посветен на два записника од 9. и 10. средба, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, а е поврзана со различно толкување на Преспанскиот договор, од бугарските колеги.

-Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот. Засега останува проблемот со придавката македонски. За тоа се разговара и на повисоко ниво и се надевам дека ќе се најде решение, рече Ѓоргиев.

Во врска со работатата на Комисијата за претствувањето на Цар Самоил и Самоиловата држава во учебниците по историја за 7 одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на една мултиперскептивност во учебниците по историја.

-Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади и како би требало да изгледаат идните учебници во РС Македонија и во Р Бугарија.Тука зборуваме речиси на различни јазици, и инсистирањето да се наметне едно гледање на одреден настан и се судрија во случај на Цар Самоил и поради тоа не беше постигната никаква согласност, вели Ѓоргиев.

Во однос на Гоце Делчев на состанок било разговарано многу малку, и немало никакво поместивање во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело..

За придавката македонски, Димитров реплицираше дека воопшто не станува збор за бугарско гледање на Преспанскиот договор, туку, вели, се работи на замена на теза, односно се инсистира дка во работата на Комисијата некој го става под сомнеж идентитетот и јазикот на граѓаните на РМ.

-Тоа не е вистина. Ако има некои забелешки тие се поврзани со патот кон формирањето на нацијата и идентитетот и таа истоисторија што ја има еден современ јазик тоа се два квалитета на различни работи и не треба шпекулации со емоции на луѓетото, рече Димитров.

Двајцата копретседатели потврдија дека имаат различлни начини на гледање кон интерпретацијата на минатото кон средниот век како и за Цар Самоил.


Администратор
04/12/2020 17:50