Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп воведе ограничувања на патувањето во САД на членовите на Комунистичката партија на Кина и членовите на нивните семејства, соопшти Стејт департментот.

Ограничувањето се однесува на визите Б1/Б2 за членовите на Комунистичката партија и членовите на нивните семјества од десет години на еден месец.

– Оваа мерка има за цел да ја заштити американската нација од малигното влијание на партијата, која се обидува да влијае врз граѓаните на САД по пат на пропаганда, економска принуда и други подли активности, наведува Стејт департмент.

Односите помеѓу САД и Кина изминатите години значително се влошени поради разни спорови, од трговски и технолошки проблеми, ситуацијата во Хонг Конг, како и поради пандемијата со Ковид-19.


Администратор
03/12/2020 22:00