Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе обвинение против 29-годишен сопјанец во чиј дом биле најдени 27,65 грама марихуана, спакувана во 79 пакувања.

-Обвинителен акт против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик поднесе денеска Основното јавно обвинителство Скопје. Обвинетиот е 29-годишен скопјанец кај кого, при претрес на 12 ноември, биле пронајдени 27,65 грама марихуана. Дрогата била скриена во домот на осомничениот, спакувана во 79 полиетиленски пакувања, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетото лице, првично определена поради опасност од бегство и можност да го повтори делото.​


Администратор
02/12/2020 16:13