Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за денеска најави протест со блокада на Владата и Министерството за надворешни работи, почнувајќи од 12:30 часот завршувајќи во 14:00 часот. ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од премиерот Зоран Заев и тој јавно да каже за што тајно се преговарало овој викенд во Софија.

-Денес е време на историски моменти. Денес се моменти кога се одлучува за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската држава. ВМРО-ДПМНЕ бара од Зоран Заев јавно да каже за што тајно се преговараше овој викенд во Софија. Заев продолжи за најважните работи да молчи и преговорите за идентитетот, јазикот историјата ги крие од јавноста, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ повикува денеска граѓаните масовно без разлика на политичката припадност, без разлика на верската и етничката припадност да се приклучат на протестите.


Администратор
01/12/2020 10:49