Познатиот бизнисмен , сопственик на компанијата „Гемак Трејд“ и на хотелот „Парк“ на кејот на Вардар, како и заменик градоначалник на Град Скопје Енвер Малиќи починал утринава од компликации со коронавирусот.

Според информациите од Град Скопје, Малиќи починал во ,,Систина” откако претходно бил лекуван десет дена на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје. Тој бил донесен во исклучително влошена состојба и лекарите цела ноќ се обидувале да му го спасат животот, но за жал неуспешно.

Енвер Малиќи беше и почесен конзул на Мексико.


Администратор
01/12/2020 10:48