Претседателот Стево Пендаровски на 16 декември ќе се обрати пред пратениците на Собранието на Република Македонија.

Ова ќе биде второ годишно обраќање на Пендаровски во законодавниот дом откако е избран на оваа функција во мај 2019 година, а прво пред новиот состав на Парламентот.

Според член 85 од Уставот Претседателот на Републиката го известува Собранието за прашања од неговата надлежност најмалку еднаш годишно. Собранието може да побара од претседателот на Републиката мислење за прашања од неговата надлежност.


Администратор
01/12/2020 10:48