СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Х.Д(39) од Скопје поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „давање лажен исказ”. Полицијата соопшти дека осомничениот дал исказ дека ја изгубил возачката дозвола, а по негово барање таа му била заменета за германска возачка дозвола.

Како што соопшти полицијата, пријавениот, со намера да ја прикрие вистинската причина за вадење на нова возачка дозвола, во текот на месец октомври 2019 до МВР поднел Барање за издавање на дупликат возачка дозвола, со писмена изјава во прилог на Барањето, во која лично дал лажен исказ дека возачката дозвола му е изгубена, иако бил свесен дека за време на неговиот престој во Германија, неговата возачка дозвола издадена во Република Северна Македонија, по негово лично барање, била заменета за германска возачка дозвола.

Врз основа на таквото Барање, од страна на МВР – Сектор за управно-надзорни работи му била издадена нова дупликат возачка дозвола на име на пријавениот Х.Д., со што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело „давање лажен исказ”, предвидено и казниво по чл.367 ст. 3 од Кривичниот законик, соопшти МВР


Администратор
30/11/2020 21:19