„Матица македонска“ ја објави книгата „Сликање со светлина“ од Цветан Гавровски, национален мајстор на фотографијата и ЕФИАП (Excellence FIAP) на светската федерација на фотографска уметност.

На 370 страници со двата циклуса, црно-бело и колор, во книгата се репродуцирани околу 200 авторски фотографии со краток наратив за секоја од фотографиите.

Книгата е на македонски и на англиски јазик со текст за авторското видување на креативната фотографија како ликовно изразно средство.

Цветан Гавровски (1947) имал дванаесет самостојни изложби и учествувал на повеќе од 200 изложби во светот. Ја претставувал македонската фотографија во националните колекции на светските изложби во Кина, Швајцарија, Италија, Унгарија, Луксембург, Словачка, Ирска, Индонезија, Кореја, Шпанија.


Администратор
26/11/2020 12:59