Една од најголемите фудбалски легенди, поранешниот бразилски репрезентативец Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле, изрази жалење за смртта на Диего Марадона.

„Дефинитивно ќе ја шутираме топката на небото заедно еден ден“, рече Пеле во кратката изјава дадена од неговиот претставник за британски медиуми.

Еден од најдобрите светски фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Диего Армандо Марадона почина денеска на 60-годишна возраст како резултат на срцев удар, потврди неговиот адвокат.

Марадона се бореше со здравствени проблеми во последно време, а пред неколку недели беше подложен на операција за субдермален хематом на мозокот.


Администратор
25/11/2020 23:55