Покрај скандалозните одговори дека Бугарија не била дел од фашистичката коалиција и дека само администрирала, Премиерот Зоран Заев во интервјуто за БГНЕС откри на кој начин планира да и ги даде на официјална Софија писмените гаранции кои таа ги бара од Македонија.

- Затоа, ние кажавме дека немаме територијални или малцински претензии, дека името Македонија се однесува на Република Македонија. Испративме документ што не е само за премиерот Борисов или за министерката за надворешни работи Захариева, туку за граѓаните – за Бугарите и Македонците да знаат што се случува. Во него напишавме дека немаме територијални претензии и дека нема да се мешаме во внатрешните работи. Во тој документ, јасно ставаме до знаење дека немаме малцински претензии. Овој меморандум мора да биде одобрен од двете меѓувладини комисии. Владата на Република Македонија ќе го објави во Службен весник со цел да има правно дејство за негово спроведување. Ние исто така понудивме и патоказ за спроведување на Договорот за добрососедство, во кој кои го прецизираме нашиот ангажман за негово исполнување, изјави Заев.


Администратор
25/11/2020 18:03