Во првиот натпревар од 12. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар попладнево во Велес го совлада Борец со 2:0.

Стрелци на головите беа Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски во последните десетина минути, откако домаќините не реализираа неколку убави шанси.

Со оваа победа, Вардар стигна до 16 бода и се најде во првата половина на табелата.

Другите натпревари од ова коло се играат утре. Двојките се:

Академија Пандев – Пелистер Работнички – Македонија ЃП Шкендија – Шкупи Силекс – Беласица Струга Трим Лум – Ренова.

Табела: Шкендија 25 бода, Шкупи 23, Македонија ЃП 22, Борец 19, Струга Трим Лум 16, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5.


Администратор
21/11/2020 16:54