Кризната состојба на целата територија на Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност вчера ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, напиша денеска на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот додаде дека според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.

-Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на #КОВИД19 и се крајно исцрпени, пишува Пендаровски на Фејсбук.


Администратор
21/11/2020 16:12