Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе го одбележи Светскиот ден на науката за мир и развој – 10 Ноември, оваа година онлајн поради пандемијата со КОВИД-19.

Како што соопшти УКИМ, на одбележувањето ќе се обрати ректорот Никола Јанкуловски и ќе бидат претставени добитниците на годишните награди за најдобри научници и уметник на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за 2019 година

Ќе се одржи и трибина на тема „Отворена наука“ со предавачите проф.д-р Никола Стиков од Универзитетот на Монтреал, Канада, и проф.д-р Владимир Трајковиќ од Универзитетот„Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.


Администратор
10/11/2020 10:04