По силниот земјотрес од 7 степени што ги стресе Турција и Грција во 11:51 часот, следуваа земјотреси од 4,9 степени во 13 часот и 5,2 степени во 15,14 часот.

Епицентарот на последните два земјотреси, според податоците објавени на веб-страницата earthquaketrack.com, бил во близина на островот Самос, на само триесетина километри од познатото турско летувалиште Кушадаси.

Најмалку шест лица загинаа во Турција во силниот земјотрес што денеска го погоди Егејското Море и уништи неколку згради, предизвика големи бранови кои ги зафатија крајбрежните области и блиските грчки острови.

На грчкиот остров Самос се пронајдени двајца загинати тинејџери, а уште четири лица се хоспитализирани со полесни повреди.

Во Самос се издадени предупредувања за високи бранови.


Администратор
30/10/2020 22:45