Долниот дом на чешкиот Парламент денеска одобри продолжување на вонредната состојба до 20 ноември, бидејќи земјата се бори со зголемување на бројот на случаи на коронавирусот.

Вонредната состојба не носи автоматски никакви нови мерки, туку создава законска рамка за Владата да воведе ограничувања на движењето или работата на луѓето.

Во Чешка во последните 24 часа се регистрирани 13.051 новозаразени со коронавирусот, соопшти денеска Министерството за здравство во Прага.

Во Чешка, која има 10,7 милиони жители, од почетокот на пандемијата има вкупно 310.068 заразени, а 2.682 граѓани починале.


Администратор
30/10/2020 21:27