Комисијата за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари, натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат.

Средбите што беа предвидени да се играат утре и в недела се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела), објавено е на веб-страницата на ФФМ.


Администратор
30/10/2020 15:42