СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.У.(50) од с.Теново, тетовско, поради постоење основано сомение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 03.10.2020 на локалниот пат од с.Теново – Тетово, на место викано „Џукилица“,при вршење на службени дејствија полициски службеници сопреле патничко возило „голф“, управувано од Н.У. од с.Теново, каде како совозач бил затекнат пријавениот, и при преглед над лицата и возилото биле пронајдени две ловечки пушки, за кои пријавениот се изјаснил дека се негови, при што за ловечка пушка „застава“ М-70 кал.12 ГА поседувал дозвола и дневна дозвола за лов, а за другата ловечка пушка не поседувал дозвола.


Администратор
30/10/2020 02:20