Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги чека резултатите од земените мостри од угинатите риби и храна од неколку рибници на Тиквешко Езеро, каде минатата недела сопственици алармираа за помор на риби.

Како што информираа од АХВ за МИА, мострите се земени за утврдување евентуално присуство на заразна болест кај рибите, како можна причина за појава на болест.

-Заради спречување ширење на евентуална зараза во рибниците, изречени се мерки за забрана за изнесување риби од рибниците и обврска за задолжително пријавување на евентуално заболени или ново угинати риби до надлежното ветеринарно друштво, стои во писмениот одговор до МИА.


Администратор
27/10/2020 01:46