Тетовската полиција во рамки на засилените контролни активности на јавниот превоз на патници во изминатите 30 дена открила 50 возила кои ја вршеле оваа дејност без да поседуваат соодветни дозволи односно лиценци.

Педесетте санкционирани возила се меѓуградски и локални автобуси, комбиња и патнички такси возила.

-Во содејство со Отсекот за економски криминал, на сите им се изготвени соодветни кривични пријави според член 284 А од Кривичниот законик и ќе се соочат со предвидените парични и други санкции, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Покрај контрола на лиценци, од средината на минатата недела, според Јосифоски, се контролира и практичното спроведување на владината одлука за 50 процентно користење на капацитетите во јавниот превоз.


Администратор
26/10/2020 17:50