Потпретседателот на германскиот Бундестаг, Томас Оперман ненадејно почина, откако му се слоши синоќа за време на снимање за телевизијата ЗДФ.

На 66-годишниот политичар од редовите на Социјалдемократската партија на Германија (СПД) му се слоши и изгуби свест за време на снимањето за ЗДФ, и итно беше пренесен во болница.

Германскиот министер за труд Хуберт Хајл преку Твитер изрази сочувство за смртта на неговиот сопартиец.

Инаку, Оперман на крајот на август објави дека нема да учествува на претстојните парламентарни избори.

– По три децении како пратеник во покраинското собрание на Долна Саксонија и во Бундестагот, сега е најдобро време да се занимавам со нешто друго и да се свртам кон нови проекти, изјави политичарот во таа прилика.


Администратор
26/10/2020 17:50