Со 158 гласа „против“, грчкиот Парламент доцна синоќа не го изгласа предлогот на опозициската СИРИЗА за недоверба на министерот за финансии на Грција Христос Стајкурас, јави дописничката на МИА од Атина.

Против недоверба гласаа сите пратеници од владејачката Нова демократија, додека пак „за“ беа пратениците од опозициските партии СИРИЗА, Движење на промена, Комунистичката партија и Грчко решение.

На гласањето му претходеше тридневна расправа која траеше вкупно 35 часа, а во четвртокот СИРИЗА го достави предлогот за недоверба на министерот за финансии поради новиот предлог закон за решавање на долговите и доделување втора шанса, во кој е вклучен и новиот законик за стечај.


Администратор
26/10/2020 14:04