Тренерот на Арсенал, Микел Артета не може да се помири со поразот од Лестер вчеравечер во 6. коло на англискиот шампионат против Лестер.

– Многу сум разочаран, во првото полувреме сè беше во наши раце, и не знам како ни беше поништен нашиот гол. Тешко е да се создаде простор кога ривалот е со 10 луѓе во одбрана, но моравме подобро да го завршиме натпреварот. Кога станува збор за вакви натпревари, шансите не смее да се пропуштаат, потенцира Артета.

Арсенал загуби од Лестер со 1:0 и пропушти можност да се пробие во горниот дел на табелата во Премиер лигата.

„Топчиите“ се на 10.место со девет бода од шест натпревари.


Администратор
26/10/2020 13:05