На 22.10.2020 во 20,30 часот во Куманово од полициски службеници од СВР Куманово при извршен преглед кај Д.Д.(28) од Куманово бил пронајден кокаин.

Тој бил приведен во полициска станица, извршен бил разговор по што била поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор.


Администратор
24/10/2020 13:42