Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 370 санкции, меѓу кои 55 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 62 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 54 за возење без возачка дозвола, а 23 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
24/10/2020 13:17