На 20.10.2020 во 20.30 часот во Скопје на ул.„Ѓорче Петров“ патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(26) од с.Кондово, не застанало на даден знак и со возилото удрило полициски службеник, кој преземал службени дејства.

По преземени мерки од полициски службеници А.А. бил пронајден. Според пријавеното, потоа повеќе лица физички нападнале полициски службеници. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


Администратор
22/10/2020 01:28