Инфективното одделение од кумановската општа болница веќе со недели е пополнето, потврдија и од болницата и министерот за здравство. Во овој момент, информираа денеска од болницата, се прават напори да се средат технички потреби за трансформирање на одделот на психијатрија за потребите на ковид заболените.

– Имаме технички проблеми, на тоа одделение ќе се инсталира соодветна електрична инсталација заради потребите на заболените. Се надевам дека за кратко време ќе се случи. Денеска и официјално фирмата изведувач и се надевам дека брзо ќе се реши. Чекаме „зелено светло“ од повисоките официјални инстанци и ако наша проценка е дека мора да се отвори еден пункт, ќе го отвориме, изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.

Таа потенцира дека мора да се направи не само простор, туку пред сè, комплетна реорганизација на вработените. Захариева потсети дека кога Куманово беше најпогодено од пандемијата во март и април беше отворен втор пункт за ковид заболените, но тогаш нагласи немаше термини, немаше операции и други интервенции и прегледи, сè беше ставено во функција на ковид заболените.

– Тогаш се работеа само итни случаи, персоналот во моментов е ангажиран на повеќе места, така што сериозно ќе се посветиме на прераспределба на постоечкиот персонал, вели Захариева.


Администратор
21/10/2020 23:39