Пратеничката во Собранието, Лидија Петкоска, порача дека гласот на граѓаните мора да се слушне и дека со масовното учество во протестот со возила, охриѓани го искажале незадоволството од криминалот, корупцијата, неправдите и прогонот коишто ги спроведува власта на СДСМ и Зоран Заев.

Петкоска истакна дека Македонија станала земја на криминалци на власт, предавства и неправда.

Таа порача дека неспособноста на власта да се справи со Ковид-19 удира по животите на граѓаните, а прогонот на политички неистомисленици, криминалот и корупцијата станаа секојдневие.

Поради селективното рушење на дивоградбите загрозен е статусот на Охрид во УНЕСКО. Никако не смее да се заборави дека враќањето на долговите со пари од граѓаните власта го изврши на крајно сомнителен начин. За жал, како народните пари да им беа малку, па почнаа да ги крадат и европските пари. Корупциските скандали и афери станаа нормалност.

Власта на СДСМ во индустриската зона Мауцкер коруптивно на коалициониот партнер Нефи Усеини му продаде парцели по пат на јавно наддавање за багателна сума од 71 денар по метар квадратен и однапред договорени услови. Власта и Георгиески имаа претходен предизборен договор за бетонската база, а правеа пред народот само предизборен театар. Овој случај веднаш да се истражи од Државната комисија за спречување на корупција и Љупчо Николоски со кој градоначалникот Георгиески со поставените услови го ограничил конкурирањето на потенцијалните купувачи и на тој начин свесно го оштетил буџетот на општина Охрид, како и буџетот на Република Македонија – истакна Петкоска.

Таа порача дека СДСМ и Заев мора да заминат на темната страна на историјата за Македонија да има светла иднина.


Администратор
21/10/2020 01:23