„Молдавија“ како десертна сорта и винските сорти „темјаника“ и „шардоне“, се најбарани лозови калеми за есенско садење лозја оваа година, за МИА потврди Васе Мојсовска, сопственик на расадник за лозови и овошни садници во неготинско Тимјаник.

-Долгогодишната традиција на лозарство на овие простори си го прави своето, па иако имаше незадоволство кај лозарите од цените за грозје кои ги понудија некои винарии оваа година, сепак има интерес за подигнување на нови лозови насади, рече Мојсовска, која е претседател на Националната федерација на фармери.

Таа додаде дека голем дел од калемите од нивниот расадник се резервирани уште пролетта.

Сега се уште се во земја, а се очекува да бидат посадени следниот месец, веднаш штом се создадат поволни услови за тоа. Вообичаено, нови лозја се подигнуваат напролет и во текот на есента. Интерес има и за други сорти на лозови калеми.


Администратор
20/10/2020 17:04