Општина Кочани отуѓува градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба осум градежни парцели со намена комунална супраструктура, односно за градби за производство на енергија – фотоволтаични централи со капацитет до 1 мегават.

– Парцелите се наоѓаат во Катастарската општина Тркање и се со површини од 18.835 до 24.130 квадратни метри. Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за градежните парцели за фотоволтаици е до 24 ноември 2020 година, а јавното наддавање ќе се одржи на 26 ноември. Почетната цена за сите градежни парцели е 200 денари за квадратен метар – велат од општина Кочани.


Администратор
20/10/2020 17:04