Возило „фолксваген" со скопски регистарски таблички синоќа удрило во дива свиња која претрчала на автопатот Скопје – Велес, после патарината Петровец.

Како што потврдија од МВР, незгодата се случила во 21:15 минути, а возачот и совозачот не се повредени. Поминале само со гребнатинки, но причинета е материјална штета на возилото.

Според портпаролот Ивица Илиевски, по укажаната медицинска помош возачот и совозачот биле пуштени на домашно лекување.

Поради дивата свиња, сообраќајот доцна синоќа одредено време бил во прекин.


Администратор
18/10/2020 02:31