По небулозната ситуација во која фризерница доби 270.000 евра за обуки на правници и економисти од страна на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност, скандалите и нелогичностите не застануваат тука.
Имено, на социјалните мрежи се појавија фотографии од добитници на грантови а меѓу нив е и државното средно земјоделско – шумарско училиште Ѓорче Петров од Кавадарци кое добило 83.000 евра за тренирање на магаре.
Средното училиште, европските средства ги добила со партнер од Хрватска а во краткиот опис на прокетот стои дека средствата ќе се искористат за тренирање на магаре и коњ како и за коњско однесување.