Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев преку социјалните мрежи реагираше на денешниот говор на премиерот на Република Македонија Зоран Заев по повод одбележувањето на 11-ти октомври, Денот на Македонското востание и започнување на борбата против фашистичкиот окупатор.
Ковачев, говорот на Заев го класифицираше како уште една антибугарска провокација.
„Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега? Србоман убива Бугарин, татко на три деца и роднина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија“., вел.и Ковачев во неговиот фејсбук статус