Прилепскиот градоначалник Илија Јовановски, објавил јавна набавка за компјутери а се уште не знае на колку деца им недостигаат , односно колку треба да купи.
-Таква бројка се уште немаме. Знаеме дека во сите училишта имаме некоја бројка што се социјални случаеви кои што немаат компјутер, лап-топ…Ние направивме јавна набавка за сите училишта, за потребите…Јавната набавка е во тек и се надеваме дека со отворањето на тендерот, на 30-ти октомври дека ќе ги имаме дотогаш, а знаете дека е проблем со набавка на компјутери во целата држава. Значи, бројката не е точно одредена, одредена е сумата – осум милиони и двесте илјади денари се…во зависност од цената на комјутерите…толку ќе бидат и тие. Затоа точната бројка не можам да ви ја кажам…, вели Јованоски.
Инаку, во општина Прилеп има над 10.000 ученици, од кои дури 9.000 основци и средношколци треба да следат он-лајн настава, бидејќи ниту едно од училиштата не доби дозвола од Министерството за следење на наставата со физичко присуство на учениците.