Откако во Скопје и во Битола, завчера беа ичкртани таблите на кои пишуваше „Оваа историска фигура и припаѓа на античката хеленистича историја и цивилизација и на светското културно и историско наследство, истото се случи и во Прилеп и во Штип каде се поставени споменици на Александар Македонски.

Според фотографиите на социјалните мрежи пред двата споменика целосно се ичкртани овие натписи, а исто така во дел од градовите во Република Македонија биле и кршени таблите на кои стоеше новото уставно име на Република Македонија.