Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 19.413, бројката на оздравени пациенти е 15.749, на починати е 772, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.892.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 7.724, активни 1.166

• Куманово 1.823, активни 166

• Дебар 290, активни 35

• Штип 1.307, активни 79

• Прилеп 742, активни 138

• Тетово 1.517, активни 168

• Струга 693, активни 42

• Велес 348, активни 36

• Битола 344, активни 78

• Охрид 443, активни 36

• Кавадарци 256, активни 41

• Гостивар 959, активни 68

• Гевгелија 155, активни 57 (10 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 21 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 328, активни 185

• Крива Паланка 130, активни 38

• Радовиш 107, активни 35

• Крушево 20, активни 1

• Кочани 450, активни 183

• Пробиштип 119, активни 17

• Демир Хисар 62, активни 2

• Македонски Брод 93, активни 2

• Пехчево 46, активни 3

• Берово 129, активни 47

• Валандово 54, активни 39

• Виница 126, активни 36

• Делчево 175, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 26, активни 2

• Свети Николе 380, активни 57

• Кичево 340, активни 29

• Ресен 167, активни 9

• Неготино 60, активни 12 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Инаку, за потсетување, во драматичните прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче и тогашниот технички премиер Оливер Спасовски, кога велеа дека ја имаат контролата на ситуацијата, тие предвидуваа дека во Македонија ќе има помеѓу 2.000 и 2.500 заболени.

МАНУ пак отиде до таму и во своите прогнози велеше дека во Македонија ќе заболат околу 1.000 граѓани од овој вирус.