Еднојазичност во Тетово, ама само на албански јазик. Додека функционерите на ДУИ во Владата ги предупредуваат новинарите дека ако сакаат да ги разберат нивните пресконференции, треба да научат албански јазик, ректорот на Државниот Универзитет во Тетово, професор Вулнет Амети, им посака добредојде на студентите ама само на албански јазик. Оваа пракса не е нова. Иако на тетовскиот универзитет има голем број на студенти Македонци, како и други години наназад беа церемонијално примени само на албански. Единствено што разбраа од целиот прием беа нивните имиња. И тогаш знаеја дека треба да се качат на бина и да си ги земат бруцошките индекси.
Новинарите побараа објаснување од ректорот, но одговорт од кабинетот беше ист „жалиме, нема превод, снајдете се од колегите“.Бројните реакции досега, не резултираа со промена на начинот на организирање на настаните.
За овој случај изостана и реакција од министерството за образование.