По донесувањето на рестриктивните мерки од страна на Владата за угостителите и забраната за настапи на музичарите во локалите, тие најавија дека во среда ќе го изразат својот револт со протест пред Владата на Република Македонија.

- Сега во оваа ситуација на коронависруот скоро се е запрено, на прсти можат да се избројат концерти, а заработувачката е многу мизерна. Поради тоа македонската естрада со голем музички хепенинг, без скандали или сензации, за што нема причина, ќе оддржи за првпат своевиден голем протест пред Владата на Република Македонија. Ова ќе се случи оваа среда со почеток од 14 часот. Целта на овој протест е да докажеме дека сепак постоиме. Дека има огромна сложност помеѓу нас, дека ќе се бориме од денес па натаму многу по сериозно за нашите права, а со тоа сакаме да ги претставиме нашите строги барања и протоколи пред државните органи, велат иницијаторите за протестот.

Од таму, на социјалните мрежи, дел од иницијаторите објавија и дека имаат поддршка од Независната угостителска комора, Асоцијацијата на ноќните клубови и кафичи, рестораните за свадби и членки на ССК.