Од Владата на Република Македонија до медиумите испратија демант на веста објавена на бугарскиот портал big5.bg а превземена во македонските портали, во која бугарскиот медиум тврди дека ја откриле вилата на македонскиот премиер Зоран Заев, лоцирана на Халкидики.

Од таму велат дека информациите пласирани во медиумите се лажни и тенденциозни.

Во продолжение целосниот демант испратен од страна на Владата на Република Македонија.

- Медиумските содржини објавени во некои информативни гласила дека претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев поседува вила на грчкото приморје се лажни и тенденциозни.

Владата на Република Северна Македонија, во име на премиерот Заев, категорично и целосно ја отфрла веста, дека премиерот Заев не поседува куќа во Грција.

Бараме сите медиуми коишто ја објавија лажната вест во целост да го објават овој демант, во спротивно ќе се преземат сите правни механизми во насока на зачувување на угледот на засегнатите страни.

Владата на Република Северна Македонија останува на определбата за борба против дезинформациите кои се главен непријател на демократијата и општествениот напредок.

Граѓаните имаат право на пристап до релевантни и вистинити информации и Владата преку јавните институции и отворената соработка со медиумите и медиумските здруженија воспостави нови практики на почитување на принципите на вистинитост, отчетност и транспарентност, стои во демантот на Владата.