По низата средби помеѓу воените претставници на Грција и на Турција денеска во НАТО е воспоставен билатерален миханизам за избегнување на конфликти.

Како што се наведува во соопштението на НАТО механизмот има за цел да го намали ризикот од инциденти и несреќи во Источен Медитеран. Механизмот вклучува и воспоставување на „црвена линија“ помеѓу Грција и Турција, за да се олесни избегнувањето на конфликти наморе или вовоздух.

– Го поздравувам воспоставувањето на воен механизам за избегнување на конфликт, постигнат со конструктивниот ангажман на Грција и Турција, двете вредни сојузнички на НАТО. Овој безбедносен механизам може да помогне да се создаде простор за дипломатски напори за решавање на основниот спор и ние сме подготвени да го развиеме понатаму, истакна генералниот секретар на Северноатлантската алијанса, Јенс Столтенберг.

Тој на почетокот на септември беше иницијатор на разговорите помеѓу Грција и Турција.

НАТО и претходно, во 90-тите години од минатиот век воспостави сличен механизам во регионот, кој беше ефикасен за намалување на тензиите и обезбеди простор за дипломатски разговори.


Администратор
01/10/2020 22:19