Туристичките агенции во Србија од денеска не продаваат аранжмани бидејќи осигурителните компании одбија да ги осигураат, со образложение дека ризикот е голем, поради пандемијата на Ковид 19, изјави директорот на Националната асоцијација на туристички организации на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ.

Тој појасни дека патниците кои платиле за аранжманите до денеска и во моментот ги користат или добиле заменски ваучери имаат осигурување се додека не ги искористат.

– Туристичките агенции, поради неможноста да плаќаат за осигурување, од денеска немаат лиценци и можат да продаваат само поединечни услуги, билети или сместување во хотел, бидејќи тоа е осигурено на друг начин, рече Сеничиќ.

Тој истакна дека осигурителните компании не се согласиле да ги осигураат аранжманите на агенциите дури и под услов да ги зголемат цените на полисите и дека тоа го објавиле пред само две недели така што „туристичките агенции се ставени пред свршен чин“.


Администратор
01/10/2020 13:17