Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.09.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Куманово.

Притоа изречени се вкупно 172 санкции, меѓу кои, 28 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 28 за возење без возачка дозвола, санкционирани се 26 мотоциклисти, а изречени се и 17 санкции за неносење заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.


Администратор
01/10/2020 12:43