Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против М.М. (30) од Чаир, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

На 29.06.2020, пријавениот на оштетениот Г.Д. од Дебар му се претставил како државјанин на Црна Гора, додека другото лице што било со него се претставило како државјанин на Израел. Притоа, го довеле во заблуда Г.Д. и му побарале 1.000 долари и 100 евра за да ги дадат на лекар, кај кого се породувала сопругата на лицето кое се претставило како државјанин на Израел, додека како гаранција на Г.Д. му дале ланец со жолта боја, за кој му рекле дека бил златен.


Администратор
01/10/2020 02:15