Словачкиот премиер Игор Матович денеска најави дека повторно ќе се воведе вонредна состојба во текот на неделата поради раст на бројот на заразени луѓе со новиот коронавирус.

– Ситуацијата е исклучително сериозна и мислам дека треба да донесеме темелни и смели одлуки, истакна Матович по состанкот со Кризниот штаб.

Најверојатно Владата в среда ќе прогласи вонредна состојба, вторпат од почетокот на пандемијата со Ковид-19.

Се предлага сите спортски, културни и верски настани да бидат забранети од 1 октомври, а венчавките и погребите ќе бидат дозволени само ако присутните докажат дека се негативни на новиот коронавирус. Угостителските објекти да работат до 22 часот, да се почитува физичката дистанца од два метра и да биде задолжително носењето маски.

Во Словачка со население од 5,4 милиони луѓе има 9.343 инфидирани лица од почетокот на епидемијата и 44 смртни случаи. На 25 септември беа регистрирани рекордни 552 позитивни случаи на дневно ниво.


Администратор
29/09/2020 00:45