Тренерот Унаи Емери вечерва по 800-ти пат предводи екипа како главен тренер. Тој со својот Виљареал гостува на „Камп Ноу“ кај Барселона.

Предноста од 4:0 за Каталонците по шеесетина минути игра, не му дава многу причини на Емери за прослава на јубилејот.

Во текот на својата кариера, шпанскиот стручњак беше на чело на Лорка Депортива (70 натпревари), Алмерија (84), Валенсија (220), Спартак (26), Севилја (205), ПСЖ (114), Арсенал (78) и Виљареал (3).


Администратор
28/09/2020 00:27